-
Да
-
1) Ако се регистрирате, ќе имате информации за напредокот заедно со историја на напредокот.
2) Можете да учите без реклами со мала донација.
-
По мала донација од ваша страна, ќе ги отстраниме рекламите од вашата сметка. Ве молиме бидете трпеливи — ова е рачен процес.
-
Можете да помогнете со: 1) пишување коментари за тоа што ви се допаѓа и не ви се допаѓа;
2) споделување идеи за тоа како да го подобриме искуството на учење (и сè друго, се разбира);
3) раскажување на пријателите за нас (споделување на нашата веб-страница на општествените мрежи, следење на https://www.facebook.com/TouchTypingStudy).
-
Времето потребно за добро совладување на слепото пишување зависи од вас. Важно е да вежбате редовно. За добри резултати препорачуваме барем по една лекција дневно.
Имајте предвид дека знаењето каде се наоѓаат буквите не значи нужно дека сте подготвени за брзо пишување. Прстите треба да ги развијат неопходните шеми на движење — таканаречената „мускулна меморија на движење” — за да можете да пишувате без да размислувате за копчињата или да гледате во тастатурата. Автоматски движења се развиваат само со многу повторувања. Запомнете — само вежбањето води до совршенство!
-
За мерење на ЗВМ, програмата брои колку зборови сте напишале за минута: 1 збор = 5 знаци, вклучувајќи ги и разделниците и интерпункциските знаци.
-
Од техничка страна, потребна е само интернет-врска. Сепак, ќе ви бидат потребни и мотивација и подготвеност да работите на подобрување на вештините за слепо пишување.
-
Проверете дали Caps Lock не е вклучен кога почнувате да пишувате. Кога Caps Lock е вклучен, програмата бара истовремено да ги притиснете копчето Shift и засегнатото слово.
-
TypingStudy е наменет за секого кој сака да ги развие вештините за слепо пишување. Слепото пишување е вештина која овозможува пишување без да треба да се гледа во тастатурата за да се пронајдат точните копчиња.
-
Да, TypingStudy е погоден и за луѓе со дислексија. Со вештините за слепо пишување, лице со дислексија има јасна предност пред некој без тие вештини. (Бидејќи некои луѓе со дислексија имаат тешкотии со рачно пишан текст, машински куцан текст им носи голема корист и од гледна точка на брзина и од гледна точка на читливост.) И секако, навистина помага текстот да биде на компјутер — бидејќи тогаш може да се провери правописот!