Дали сè уште пишувате со два прста? Дали сè уште мора да гледате во тастатурата пред секое копче?
Студијата за слепо пишување е бесплатна, лесна за употреба веб-страница создадена за да ви помогне да научите, вежбате и ја подобрите брзината и точноста на пишување.
Откако ќе совладате слепо пишување, нема да треба да гледате во тастатурата за да ги пронаоѓате буквите, а ќе можете да пишувате со многу поголема брзина!
Слепото пишување е метод заснован на мускулна меморија наместо на видот. Овој метод овозможува многу поголема брзина на внесување податоци, особено ако треба да препишувате текст од друг визуелен материјал.
Пишувањето со методот на слепо пишување значително ја подобрува продуктивноста на работа со компјутер; ја зголемува брзината на внесување податоци и, каде е можно, го намалува замарањето и оштетувањето на очите.
Студијата за слепо пишување содржи 15 лекции, тест за брзина и игри со кои можете да научите да пишувате чекор по чекор, да го следите сопствениот напредок и да се забавувате!